Враќањето на километражата на возилото останува вообичаена практика на пазарот на користени возила. И покрај тоа што купувачите се повеќе се претпазливи за измамите со автомобили, новото истражување на carVertical покажува дека ризикот од купување возило со ваков тип на измама е сè уште многу висок.
Измамата на километражата не само што значи високи трошоци за одржување, туку и значително ја намалува вредноста на автомобилот. Со загубите од измами со километража проценети на 8,77 милијарди евра годишно.
Можеби ќе ве интересира: Што значат имињата на најпознатите модели на автомобили во светот
Автомобилот со најчесто вратена километража е луксузниот седан Audi A8. Од сите A8 проверени на платформата, 30,6% имале фалсификувана километража, што значи дека речиси секој трет користен Audi A8 може да има лажна километража. Следат Audi A7, BMW X5, BMW Серија 7 и Volkswagen Touareg.
Извор: pressingtv.mk