Што мислите, зошто вкусот на Кока-Колата од Мекдоналдс е поинаков во споредба со онаа што ја купуваме во супермаркетите?
Речиси и да нема човек кој не може да и одолее на храната од Мекдоналдс, но ниту еден оброк не е оброк без Кока-Кола. Љубителите на газирани пијалоци знаат колку се пријатни ваквите пијалоци по полн стомак, толку многу што често не можат ни да објаснат зошто. Сепак, не е тајна дека многумина мислат дека познатата Кока-Кола од Мекдоналдс се разликува од онаа што ја купуваме во трафиките, продавниците и супермаркетите. Дали знаете зошто?
Ништо не е случајно, туку добро испланирано. Постојат два фактори кои влијаат на вкусот што го добивате во Мекдоналдс: контејнерите во кои се чува кока-колата и видовите на сламки што се користат. Станува збор за две компании кои соработуваат од 1955 година и кои вложиле максимални напори клиентите да го забележат вкусот.
Всушност, Кока-Кола не е чист пијалок што доаѓа од машина на Мекдоналдс. Зборуваме за сируп и вода, но овие две состојки секогаш се чуваат одделно. Кога ќе се нарача, двете состојки се соединуваат додека се истураат од чешмата, а овој трик резултира со свеж вкус. Покрај тоа, Мекдоналдс се грижи нивото на сирупот да е стандардно. Така, во една мала Кока-Кола има 40 грама шеќер. Верувале или не, се внимавало и додадениот мраз да не влијае на нивото на шеќер. Сирупот е претходно ладен, што значи дека напитокот ќе остане газиран подолго.
Покрај сирупот, и водата исто така треба да се чува на ладна температура. Оваа постапка се постигнува благодарение на изолираните цевки. Сирупот се чува во контејнери од челик, а сламките не се залудно широки. Намерно се внесени, а причината е поголема карбонизација. Ако внимателно го погледнете видеото во кое вработената во Мекдоналдс истура кока-кола, ќе видите дека за време на точењето на пијалокот има ред вода, ред Кока-Кола. Погледнете: