Веро трајно ги намали цените на дури 650 основни производи кои што ја сочинуваат секојдневната потрошувачка кошничка на граѓаните.
Се работи за производи кои се за секојдневна употреба, и тоа во неколку категории: прехрамбени производи, средства за лична хигиена и средства за одржување на хигиената во домот.
Купувачите ќе можат да ги препознаат производите со намалени цени по посебната налепница која се наоѓа на нив.
Не станува збор за периодична акција или промоција од времен карактер каде цените повторно се враќаат на претходното ниво по завршувањето на промотивниот период. Ние иницираме трајно намалување на цените на најчестите производи за секојдневна употреба кое ќе трае засекогаш. Нашите анализи покажуваат дека потрошувачите ќе остварат значителни заштеди имајќи предвид дека цените се намалени кај голем број производи кои ги купуваат секој ден. Трајното намалување на цените на производите е со цел да им излеземе во пресрет на потрошувачите и да им се оддолжиме за довербата што ни ја укажуваат секојдневно – вели Љубица Короскоска, маркетинг-директор на „Веропулос" во Македонија.
И покрај трајното намалување на цените на 650 производи, „Веро" и понатаму ќе продолжи за праксата за периодични акции и промоции.
Сакаш да станеш дел од тимот на ВЕРО?
Плати до 17.000 денари: Голем оглас за вработување во ВЕРО