Владата одлучи за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.03.2023 година (вторник).
За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2023 година (среда), додека пак за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2023 година (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2023 година, рекоа од Владата.
Владата ги покачи пензиите за 8.4 проценти, што е историско највисоко покачување за толку краток период.