Владата ќе ги замрзне цените на хигиенските производи. Ова ќе значи одредување највисока цена по која може да се продаваат продуктите, вели Владата и посочи дека станува збор за: тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни, хигиенските влошки.
Можеби ќе ве интересира: Извесно е: Место нови таблици-само налепници?!
„Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените што биле во трговијата на мало на 20 март оваа година. Одлуката се носи врз основа на анализи“.
„Од периодот од 1 март до 24 март 2023 година цената на тоалетната хартија се движела од 94,8 до 205 денари и на оваа цена кога ќе се пресмета и ДДВ, таа би се движела од 111,8 денари до 241,9 денар, а главно повеќе од сите овие производи од 85 % се увезени во нашата држава. Цената на влажните марамчиња во просек се движела од 94,6 денари во јануари, 94,5 во февруари и 83,2 денари во март 2023 година, каде што имаме царинска ставка од 6 % и не е вклучено ДДВ. За пелените, цената се движи од 36 денари за парче до 1.600 денари за кутија со повеќе пакувања и тука не е вклучено ДДВ“, изјави Владата.
Извор: vreme.mk