Македонија е фабрика којашто подготвува кадар за земјите од Европската унија. Младите вака гледаат на државава која, како и соседите од регионот, е силно погодена од миграцијата. Ќе дојде ли ЕУ кај нас или младите ќе отидат во Унијата?!
Нема конкретни бројки околу тоа колку квалификуван кадар си заминал во европските земји. Но, дебатите, дискусиите и истражувања на невладините не изостануваат. Проблемите се бројни, решенија засега нема.
- Минатата недела имаше истражување дека Македонија е најнесреќната земја во регионот. Ова кажува дека освен тоа што немаме атрактивни плати за младите и населението, исто така немаме и културен и забавен живот, за тие да останат и да кажат дека навистина би сакале да живеат овде, рече Бленди Ходаи, извршен директор на форумот за образовни промени.
Би можело да ве интересира: Работниците во Македонија се стари над 50 години, кога ќе одат во пензија, ќе нема кој да ги замени
- Тука би ја споменала и дискриминацијата, корупцијата со којашто се соочуваме како општество, како и недовербата кон младите луѓе, вели Викторија Постоловска, студентски правобранител на УКИМ.
Надлежните во изјавите секогаш се на иста линија со младите околу горливиот проблем како што е масовното иселување. Се ветуваат мерки и се бараат решенија.
Целиот текст прочитајте го на: telma.com.mk