Престижниот Henley Passport Index ги рангира светските пасоши според бројот на дестинации кои нивните сопственици можат да пристапат без виза.
Индексот вклучува 199 различни пасоши и 227 различни дестинации за патување.
А како изгледа таа листа на светски пасоши, односно кои пасоши се меѓу најјаките во светот и каде е Македонија?
Првото место на оваа листа го делат Јапонија и Сингапур со по 192 земји во кои нивните граѓани можат слободно да патуваат. Затоа пасошите на овие две земји денес се најмоќни во светот.
Би можело да ве интересира: Струјата поскапува во државите околу нас, ние сме со иста цена цела зима, а летово и ќе се намали
Веднаш зад нив е Јужна Кореја со 192 земји, па потоа следуваат Германија и Шпанија каде можат да пристапат до 190 земји.
Потоа се нижат Финска, Италија, Луксембург,.…
И така сè до 45 место каде што се наоѓа – Македонија.
Според Индексот за пасоши на Хенли, со македонскиот пасош можете слободно да патувате во 125 земји.
Точно е дека Словенија и Хрватска на пример се далеку над нас, но оваа бројка и не е толку лоша, особено ако се земе предвид дека со пасошот на Авганистан, кој е на последното 108. место, може слободно да се патува само до 27 земји.