Православните верници денеска го слават есенскиот Крстовден кој претставува празнување на два празника во врска со Чесниот Крст: пронаоѓање на Чесниот крст и враќање на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим.
На Крстовден важи правилото за строг пост, само на леб и вода, додека храната од животинско потекло строго е забранета. Интересно е дека на Крстовден дозволено е јадењето грозје, додека друго овошје е строго забрането.
Додека за многу други празници кои се одбележани со црвено важи дека не треба да се чисти по дома, на Крстовден е обратно. На денешен ден треба да се среди куќата и така, условно кажано, да се подготви за зима. Се верува дека оние кои не работат по дома на денешниот ден нема да имаат среќа цела година.
На Крстовден добро е работодавците да ги исплатат своите работници.
Исто така постои обичај на овој ден да се бере и сади босилек.
извор: skopje24.mk