Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот, а се позиционирани високо и на европската листа, покажува анализата за потрошувачката на шеќер по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН.
Македонците годишно конзумираат по 36,7 килограми шеќер, Хрватите се втори со 33,8 пред Грците со 31,6, а потоа следуваат Бугарите со 27,5, Србите со 22,4 и Црногорците со 21,2 килограми.
Најмали љубители на слатко се Словенците со 19,4 и жителите на Босна и Херцеговина со 18,3 килограми.
Во Европа, пак, најмногу шеќер јадат Белгијците (48,3) и Полјаците (45,7 килограми). Најмалку слатко, пак, се консумира во Луксембург (10,8 килограми).