За речиси 20 отсто поскапеа становите во Скопје во првите три месеци од годинава во однос на истиот период лани. Податоците на Народната банка покажуваат дека раст на цените на станбениот простор има и во однос на четвртиот кравтал од 2022 година за речиси еден и пол отсто.
Податоците на Централната банка покажуваат и дека лани од јануари до март се зголемувале цените за над 12 отсто во однос на првото тромесечие 2021 година по што следел раст на цените од 16 отсто во вториот квартал, па од 21 отсто во третиот и од 20 проценти во четвртиот квартал.
Овој извештај е подготвен од индексот на цените на становите за територијата на Скопје, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности. Информациите велат дека има раст на закупите, и пад на продажбата на недвижности. Во главниот град метар квадртатен достигна цена и до 2000 евра.