Овој месец има два продолжени викенди, a првиот викенд од мај кога се празнува државниот празник „Денот на трудот“ e државен празник, односно продолжен викенд. Патувањето надвор од градот на живеење и планирањето на продолжен одмор најчесто зависи од временската прогноза. За жал, метеоролозите немаат убави вести.
Велигденскиот викенд ќе донесе пораст на температурите, кога утринската ќе искачи до 8 степени, а дневната ќе достигне до 20 степени. Времето во четврток и петок ќе биде облачно и стабилно, додека во недела и понеделник ќе биде променливо со дожд.
Неделата после Велигден ќе биде врнежлива, а времето за следниот продолжен викенд ќе биде нестабилно проследено со дожд.
Последните денови од месецот, пред празникот „1 мај“ ќе бидат сончево и времето ќе биде стабилно. Температурите и понатаму ќе бидат во пораст. Но, првиот продолжен викенд во мај според метеоролозите ќе биде врнежлив со нестабилно време проследено со дожд.
Првата половина од мај ќе донесе сончево и стабилно време. Дестабилизација на времето се очекува кон средината на месецот кога температурите ќе се искачат и до 30 степен.