Годишната стапка на инфлација во Германија во март изнесуваше 7,4 отсто, покажаа официјалните податоци во четвртокот.
Рут Бренд, шеф на Сојузниот завод за статистика (Дестатис) објави во соопштението за печатот дека годишната стапка на инфлација во јануари и февруари била 8,7 отсто.
Бренд истакна дека и покрај намалувањето на стапката, инфлацијата е сè уште висока.
„Домаќинствата особено го почувствуваа влијанието на уште едно зголемување на цените на храната во март“, додаде таа.
Цените на храната се зголемија за 22,3 отсто на годишно ниво во март, што е дури и повисоко од јануари и февруари и три пати повеќе од вкупната стапка на инфлација.
Според извештаите, јајцата поскапеле за 34,6 отсто, зеленчукот за 27,3 отсто, лебот и житариците за 23,8 отсто, а рибните производи и морските плодови за 22,2 отсто.
Дестатис објави дека е забележан многу висок раст на цените на одредени прехранбени артикли, па потрошувачите во март морале да платат за 70,9 отсто повеќе шеќер во однос на истиот месец лани.
Поскапувањето на енергенсите во март изнесува 3,5 отсто, во февруари 19,1 отсто и во јануари 23,1 отсто.
Извор: faktor.mk