Германската организација TUV пред извесно време објави статистика за квалитетот и доверливоста на користените автомобили. Овие бројки се базираат на милиони технички прегледи и даваат одговор кои автомобили најмалку се расипуваат.
Во периодот од јули 2020 до јуни 2021 година, TUV извршил технички преглед на 9,6 милиони автомобили. Меѓу нив имало 222 модели, поделени во пет возрасни групи, при што дури 18 отсто од автомобилите имале значителни дефекти кои не ја поминале проверката. Ова е намалување за два отсто во однос на претходната година, пишува Курир.
Уделот на автомобилите кои прикажале помали дефекти на техничкиот преглед паднал за 0,5 процентни поени на 9,1 отсто.
Јоаким Бихлер, генерален директор на TUV, вели дека тоа од една страна зборува за подолг век на траење на возилото, а од друга страна, видлива е поврзаноста со пандемијата на корона вирусот, бидејќи сопствениците имале повеќе време да ги одржуваат своите автомобили за време на изолацијата.
Во исто време, повеќе понови користени автомобили останале на германскиот пазар наместо да се продаваат во странство.
Што се однесува до возрасните групи, резултатот е очекуван – постарите автомобили покажуваат поголема стапка на дефекти.
Главниот преглед не го поминале 12,4 отсто од возилата постари од шест години, 17,5 отсто од возилата стари меѓу осум и девет години и 22,8 отсто од возилата стари меѓу десет и единаесет години, покажува статистиката на германската организација.
Просечната старост на еден автомобил во Германија, според Федералната управа за моторен транспорт, моментално е 9,8 години.
Во 2011 година просекот бил 8,3 години, а 42 отсто од регистрираните автомобили во моментов се постари од 10 години.
КОи автомобили најмлаку се расипувале?
Во однос на моделите, победник е Mercedes GLC со стапка на дефект од 1,5 отсто.
Веднаш зад него се Mercedes B класа (1,9%) и Volkswagen T-Roc (2%).Audi Q2 (2,1%) победи во возрасната група од четири до пет години, додека Porsche 911 (3,3%) е најдобар во групата на возраст од шест до седум години.Ауди ТТ се расипува најмалку меѓу возилата стари меѓу осум и девет години.Според класите на автомобили, победник меѓу најмалите возила е Opel Karl со 3,4 проценти дефекти, додека најсигурен во класата на мали автомобили е Audi A1 (2,9%).Од компактните модели, најмалку се расипуваат Mercedes A класа (2,5%), Mercedes C класа во средната класа (2,5%) и миниван Mercedes B класа.
Најлоши резултати во микро класата покажува Hyundai i10 (6,5%), додека во класата на мали автомобили тоа е Seat Ibiza (5,4%).
Во компактната класа, Dacia Logan е најлоша (10,4%).
Најлош миниван е Ford Galaxy (7,5%).