Вработените во секторот Компјутерско програмирање повторно имаат највисоки плати во земјава. Вработените во оваа бранша во текот на месец февруари земале и над 90 илјади денари надомест за нивните месечни работни задачи.
Еве ја листата на највисоки исплатени нето плати во Македонија во првиот месец од годинава:
Во сектор „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ просечна нето плата исплатена во февруари изнесувала 91.730 денари.
Втори на листата со највоска плата се вработените во сектор „останати стручни, научни и технички дејности“ кои примиле 66.969 денари плата во текот на месец февруари.
Би можело да ве интересира: Просечната плата во февруари 33.720 денари
По нив следуваат вработените во сектор „Воздухопловен транспорт“ каде просечната месечна нето плата во февруари достигнувала 63.734 денари.
Четври на листата меѓу работници со највисоки топ пет плати во земјава се вработени во секторот „Телекомуникации“, кои во текот на февруари имале просечна исплатена нето плата од 54.676 денари.
Последни на листата со највисоки плати во земајва се вработените во сектор „Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“ каде просечната нето плата во јануари била 54.337 денари.
Благи промени на листата најплатени работници има во споредба со претходниот месец, но компјутерџиите повторно остануваат на врвот.
Дознај колкава плата заработуваат другите на твојата позиција, само со клик на МојаПлата.мк