За еден работен час во ЕУ во просек се добиваат 23 евра, саатницата зголемена во сите земји
Цената на еден час работа во еврозоната изнесувала 25,5 евра, односно е зголемена за 4 отсто во однос на претходната година. Во рамките на еврозоната, просечните саатници се зголемија во сите земји-членки. Најмал раст има во Италија, Малта и Финска (+2,3 отсто), а највисок во Литванија (+13,4 отсто), Естонија (+8,8 отсто) и Хрватска (+8,7 отсто).
И во земјите надвор од еврозоната, саатниците исто така се зголемени во сите земји. Најмал раст имало во Данска (+2,2 отсто) и Шведска (+3,0 отсто), а највисок во Унгарија (+16,4 отсто), Бугарија (+15,5 отсто), Романија (+12,3 отсто) и Полска (+11,7 отсто)…
Секторите со највисоки годишни просечни покачувања на работниот час се рударството и вадењето камен (+9,6 отсто), стручните, научните и техничките дејности (+6,4 отсто), снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и финансиските и осигурителните дејности (+ 5,6 проценти секој).