Српскиот Министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ изјави дека Србија почнала да увезува работници „што е добро, бидејќи тоа значи дека напредувала и дека е земја во која може да се заработи“.
Имено, Весиќ за весникот „Вечерње новости“ објави дека претстои либерализација на трудовото законодавство и оцени дека во Србија 30 отсто од сите вработени во градежништвото се странци, а нивното учество во земјоделството е уште поголемо.
Запрашан за злоупотребите, односно работодавачите кои ги заменија домашните работници со странски, Весиќ рече дека такви злоупотреби има и во Европската унија, но дека тоа не значи дека работната сила не треба да доаѓа во Србија.
Извор: faktor.mk