Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение во сите основни училишта, од денеска е обезбеден од локалната самоуправа во Кавадарци, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
- Ова значи официјално реализирање на ветениот проект ,,Оброк за секое дете", што беше дел од предизборната програма на градоначалникот Митко Јанчев. Проектот ќе трае до крајот на учебната година и ќе се реализира согласно претходно регулираните законски постапки за заштита на безбедноста и здравјето на учениците, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму нагласија дека Општина Кавадарци, континуирано води грижа за сите свои жители, без разлика дали тие припаѓаат во рурална, или урбана средина.
Претходно, градоначалникот Јанчев нагласи дека храната од оброкот ќе биде разновидна и квалитетна.