Американците очигледно се многу суеверни, го избегнуваат 13 кат во зградите како бројка, па всушност често преминуваат директно од 12 на 14. Но, ако веќе ни’ е позната причината за “фамозниот” број 13, тогаш што се случува со бројот 420?
Сите го знаеме одговорот, нели? Да, станува збор за марихуаната.
Имено, бројот 420 е тесно поврзан со канабисот, земајќи го во предвид податокот дека 20 Април во Соединетите Американски Држави е денот кога се прославува марихуаната и истата се ужива масовно низ целата земја.
Токму поради ова, некои хотели одат толку далеку што на вратите не ставаат ознаки со тој број, т.е. ја избегнуваат или пак ја ставаат комбинацијата 419 + 1, со цел да избегнат било какво поврзување со “магичната тревка”. Така ги предупредуваат и гостите дека строго е забрането пушење во хотелските соби.
Оние хотели пак, каде што има таков број, често остануваат без плочките со број бидејќи консументите на “тревата” го носат со себеси бројот како еден сувенир.
На пример, во еден хотел во Колорадо, плочата со број била украдена толку пати што по последната кражба сопствениците го решиле проблемот со едноставно пишување на бројот 420 на вратата.
Но, како всушност започнала целата приказна и зошто баш 20 април стана ден за славење на марихуаната?
Не е точно, како што многумина мислат, дека тоа е поради смртта на Боб Марли (кој починал околу три недели подоцна).
Не е ниту бројот на полицискиот код кој го користат полицајците за да пријават дека е забележана употреба на марихуана.
Вистинската причина, или барем она за што многумина се согласуваат, е поврзана со група студенти кои што студирале на Универзитетот Сан Рафаел во Калифорнија во седумдесетите.
Имено, тие се среќавале секој ден во 16:20 часот покрај статуата на Луј Пастер за да уживаат во консумирање на марихуана.
Пред тоа, одејќи по ходниците си шепнувале “Луј 420” , па легендата се прошири низ Америка и денес сите млади го знаат значењето на бројот 420.
Секако, ние не веруваме во тие работи, па доколку патуваме во САД воопшто не би ни’ пречело ако добиеме соба 420 на 13 кат од хотелот.