Проблемите кои ги има Македонија со работници во угостителскиот сектор, ги имаат и други држави од регионот. На прагот на сезоната и годинава без решение за сезонските работници. Годинава, се чини најизразено, работниците бараат повисоки плати и подобри услови за работа во странство. Навредлив е и односот на индивидуалните работодавачи, јавува ЦДМ.
Келнерот Владимир Микетиќ по години напорна работа најде подобри услови. Но надвор од границите на Црна Гора.
„Заминав затоа што бев незадоволен од условите. После 23 години работа, да постигнам нешто. Одлучувачката реченица што ме натера да заминам беше „ако не ти се допаѓа, вратата е таму“. И јас поминав низ таа врата и ја напуштив мојата земја која ја сакам, но заминав низ таа врата“, изјави Микетиќ.
Поминувањето низ таа отворена врата не е условено само од ниската плата. Микетиќ вели дека келнерите не се ценат.
„И не ни беа дадени услови, но генерално се знае кој го води орото во Црна Гора. Бевме омаловажени и тоа зовре“, вели Микетиќ.
Извор: vecer.mk