Медицинските сестри не се задоволни од последното покачување на платите Известуав Сител
Со вчера потпишаниот договор тие ќе добијат по 2000 денари повеќе на сметките за март за разлика од зголемувањето за околу 60-70.000 кај функционерите. Унијата на здруженија на медицински сестри ќе побара од Синдикатите и порадикални мерки, зошто никаде во регионот примањата на медицинските сестри не се толку доближени до минималната плата.
-Не сме задоволни од последнитењ покачувања и тоа е нешто што условцно не одлепува од републичкиот просек и понатаму ќе продолжиме со барањата за зголемување на платите, изјави м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на здруженија на медицински сестри предводена од Здружението “За нас“.
Од Унијата покрај повисоки плати, со години бараат и закон кој ќе ги штити како и Комора на медицински сестри за да добиваат лиценци. Според сегашните услови се чувствуваат понижени.
-На некој начин се чувствуваме понижени и ќе продолжиме со нашите барања, изјави Џевад Салија, претседател на здружението на медицински сестри Албанки.
Последните години медицинските сестри масовно си заминуваат од јавното здравство, едни одат во странство, други во приватни болници. Има недостиг дури на 8000, половина од потребниот број за нормално функционирање на здравствениот систем.
Денешниот меѓународен ден на сестринството Унијата го одбележа со свечена академија, а на најуспешните сестри им беа доделени награди.