Доколку сте ја заборавиле лозинката од вашиот профил, кликнете на заборавена лозинка и ќе Ви се појави опција за да направите нова. Кога ќе влезете во Вашиот кориснички профил, ќе ја видете пресметката на УЈП.
Од Управата за јавни приходи (УЈП) информираа дека на 31 мај истекува рокот за потврдување или корегирање на годишната даночна пријава. По истекот на овој рок, годишните даночни пријави ќе бидат конечни. За да можете да ја потврдите или да ја корегирате Вашата годишната даночна пријава се логирате на Вашиот кориснички профил. На Вашиот кориснички профил се регистрирате ОВДЕ.
Доколку сте ја заборавиле лозинката од вашиот профил, кликнете на заборавена лозинка и ќе Ви се појави опција за да направите нова. Кога ќе влезете во Вашиот кориснички профил, ќе ја видете пресметката на УЈП.
-Доколку службеното лице не ја одобри корегираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2022 година. Кај обврзниците во чија ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по добивањето на конечниот статус на ГДП (по 31 мај 2023), ќе се изгенерира налог за доплата, кој се наоѓа во самата даночна пријава, а кај обврзниците во чија ГДП се појавува повеќе платен данок, може да искажат барање за враќање на данокот во самата пријава, соопштија од УЈП.
Од таму апелираа до граѓаните кои оствариле доход во земјата и странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот.