А1он денеска објави видео сторија со сведоштво од затворот Идризово.
Во сторијата може да се видат затворенички од цела држава, а секоја од нив има своја приказна.Некои се каат за стореното, други пак не.
Интересно е што Македонија има една жена која е осудена на доживотна робија.
Се работи за Дебарската Италијанка Блерта Поцеста која е единствената жена осудена на доживотна затворска казна.
Таа е прогласена за виновна за тројно убиство, на сопствените родители и сестра.