Градежната индустрија во Словенија лани бележи најголем пораст од околу 17 проценти.
Градежната активност во Словенија се зголеми минатата година по две последователни години на благ пад; вредноста на завршените градежни работи е за 22 отсто поголема во однос на претходната година. Раст бележи изградбата на згради за 27,6 отсто, кај нискоградба за 23,6 отсто, кај специјализирани градежни работи за дури 39,3 отсто.
Градежната вредност се зголемува во Словенија, иако секоја година се намалува бројот на градежни дозволи. Од друга страна, повеќето компании го навеле недостатокот на квалификувани работници, високите материјални трошоци и високите трошоци за работна сила како најважни фактори кои ја ограничуваат нивната активност.
Во март имало нешто повеќе од 75.000 вработени лица во градежната индустрија.
Речиси половина од работните луѓе биле странски државјани (48 проценти), што е највисоко меѓу сите дејности. Мнозинството странци биле државјани на Босна и Херцеговина (23 отсто севкупно), а потоа следат државјаните на Косово (15 отсто) и Македонија (3 отсто), пишува словенечки Дневник.
Минатата година во Словенија за прв пат во градежната индустрија се вработиле приближно 10.200 лица, од кои 92 отсто се странски државјани, кои во просек имале 32 години.
Од 2015 година, платите се зголемени за 30 отсто во Словенија, а цените на недвижнините за 74 отсто.
Извор: faktor.mk