Сплит воведува нови казни за туристите
Како што пишуваат деновиве хрватските медиуми, градскиот совет на Сплит донел одлука за јавен ред и мир според која за време на туристичката сезона несоодветното однесување на јавни места ќе биде санкционирано. Со 300 евра ќе се казни консумирање алкохол на јавна површина, вршење нужда на јавна површина, спиење во паркови, тревници, плоштади и други јавни површини, како и консумација на храна или пијалаци на површината за јавна употреба, но и престој во угостителски објекти по завршување на работното време. Ако уринирате во синиот Јадран, ќе платите неверојатни 750 евра.
Ако летово заминете на одмор наполнете го вашиот паричник со повеќе евра, оти покрај високите цени за сместување и храна, треба да бидете подготвени и за други непланирани трошоци. Во некои земји престојот на море, може скапо да ве чини особено ако не сте дисциплинирани, за што може да бидете казнети оти сте го нарушиле јавниот ред и мир.
Годинава Хрватска повторно е топ-дестинација за туристите од Македонија, но треба да знаете дека во неколку градови на хрватското крајбрежје треба да бидете внимателни доколку консумирате алкохол на јавно место, но и ако шетате несоодветно облечени. Доколку сте на одмор со вашето милениче треба да внимавате како го шетате, оти и за тоа може да бидете санкционирани. Тоа треба да биде врзано со ланец. Глоба од 270 ќе има и ако не ја платите таксата за претстој.
Доколку, пак, има гужва на плажа и ја оставите да преноќи вашата фротирка или реквизити за на плажа, со цел да ви биде резервирано местото, тогаш тоа може да ве чини дополнителни 100 до 200 евра. Се казнува и користење на купки и шампони, пракса што ја применуваат еднодневните туристи, кои кога заминуваат се шампонираат во морските води.
Како што пишуваат деновиве хрватските медиуми, градскиот совет на Сплит донел одлука за јавен ред и мир според која за време на туристичката сезона несоодветното однесување на јавни места ќе биде санкционирано.
- Согласно таа одлука, со 300 евра ќе се казни консумирање алкохол на јавна површина, вршење нужда на јавна површина, спиење во паркови, тревници, плоштади и други јавни површини, како и консумација на храна или пијалаци на површината за јавна употреба, но и престој во угостителски објекти по завршување на работното време, одлучил советот на Сплит.
Медиумите од Хрватска пишуваат дека ќе се казнуваа парично од 300 евра за качување и седење на споменици и спомен-плочи, влегување, качување и капење во фонтани, како и нудење и склучување договор за такси услуга што не била однапред договорена.
Повраќање на јавни површини ќе се казнуваат со парична казна од 150 евра. По истата цена од 150 евра ќе се наплатува и пиење алкохол на јавно место или ако прошетате со костим за капење, додека ако уринирате во море неверојатни 750 евра.
Годинава цената на апартманите крај хрватското крајбрежје се движите од 70 до 120 евра од ден. Во просек за една недела треба да одвоите околу 700 евра.