Некогаш децата сакаа да бидат професори, астронаути, ветеринари или доктори, а сега сакаат да прават видео снимки за YouTube. Истражување за тоа што сакаат да бидат децата кога ќе пораснат покажа интересна промена кога станува збор за изборот на професии.
Момчињата, повеќе од девојчињата, сакаат да бидат јутјубери. Истражувањето покажа дека девојчињата се повеќе заинтересирани за научна кариера.
Анкетирани се 1.000 деца помлади од 16 години и резултатите покажале дека девојчињата по научна кариера сакаат да бидат медицински сестри, а на момчињата приоритетни им се професиите како фудбалер или полицаец. Мек Џенингс, водач на истражувањето, смета дека е одлично тоа што девојчињата сакаат да се бават со наука.
Без разлика на изборот на кариера, претходните истражувања покажале дека децата кога ќе станат тинејџери имаат здрави очекувања од тоа што сакаат да го работат. Кога станува збор за кариерата, скоро половина од младите мислат дека ќе ја добијат работата од соништата до својата триесетта година.
Секој петти тинејџер верува дека ќе води свој приватен бизнис. Еден од 10 испитаници сака да се занимава со развој на видео игри, да биде блогер и Instagram ѕвезда, а најбарани кариери и понатаму се традиционалните.
Извор: kajgana.com