Сакале или не, нашиот професионален перформанс на пазарот на трудот се мери преку висината на платата што ја добиваме секој месец. Сепак, луѓето се поделени во ставовите околу тоа дали платите треба да бидат транспарентни и каков би бил ефектот од тоа врз самите нив.
За да ја истражиме оваа проблематика во Република Македонија, спроведовме истражување во кое беа опфатени 1141 испитаници и истите го искажуваа својот став во однос на три прашања: (1) Кога станува збор за платата, дали кажувате колку земате?; (2) Дали сакате да знаете колкава плата земаат вашите колеги?; и (3) Што мислите за платата на вашиот директор? Резултатите ќе ве изненадат.
Македонците не го кријат износот на својата плата
На првото прашање, речиси 70 проценти од испитаниците се изјасниле дека немаат проблем да го кажат износот на својата месечна плата, од кои 36 проценти велат дека јавно ја кажуваат платата бидејќи немаат што да кријат. Другите 34 проценти отворено за плата зборуваат само со најблиските. Само 26 проценти од испитаниците сметаат дека прашањето за платата останува лична работа.
Македонците не ги интересира колку заработуваат нивните колеги
Во однос на второто прашање, 38 проценти се изјасниле дека не ги интересира колку заработуваат нивните колеги бидејќи тоа е лично прашање. На само 27 проценти тоа им е многу важно, а 20 проценти сакаат да знаат, но само од љубопитност. Останатите 15 проценти сметаат дека таквата информација може негативно да се одрази на нивното работење.
Македонците не се заинтересирани ниту за платата на својот директор
Речиси половина од испитаниците (48 проценти) на ова прашање одговориле дека не ги интересира сумата која ја заработува нивниот директор. “Знам колку зема и мислам дека му е премногу“ е опцијата за која се одлучија 26 проценти од анкетираните, а интересен е фактот дека само 16 проценти од професионалците во Македонија сакаат да ја знаат платата на својот директор, но само од љубопитност.
Сакате да дознаете колкава е вашата плата во споредба со другите? Сега е лесно!