И во текот на целата наредна седмица во Македонија продолжува МНОГУ НЕСТАБИЛНОТО време, со честа појава на локален попладневен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради зголемената енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Во случај на појава на локално НЕВРЕМЕ, АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, поради тоа што се можни нови ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.
Во Скопје и околината исто така во текот на целата наредна седмица во попладневните часови се очекува развој на нестабилност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.
Би можело да ве интересира: Од 2024 задолжителна регистрација и 7 евра за патување во ЕУ – ќе се изземе ли Mакедонија?
Температурите остануваат како оние кои ги имавме до сега, односно ќе бидат без промени во поголем дел од следната седмица.
За вистинско лето нема никаква најава, него напротив, после 10-ти јуни на повидок е ГОЛЕМ ПАД на температурите и интензивни врнежи, како и северен ветер. Температурите тогаш ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за месец јуни. Студениот бран ќе го зафати целиот Балкански Полуостров по 10-ти јуни.