Средношколците на 9 јуни ја завршуваат учебната 2022/2023 година, додека учениците од основните училишта ќе одработат уште три дена и последниот училиштен ден за нив е 14 јуни.
Учебната година за основците е пролонгирана поради продолжениот зимски распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата, така што второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари.
поред податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 185.099, а во редовните средни училишта 69.227.