Силвио Берлускони, кој почина денеска на 86-годишна возраст, беше италијански бизнисмен и поранешен премиер на Италија. Роден е во Милано на 29 септември 1936 година, а неговата биографија е полна со скандали, обвинувања за корупција, сексуални афери и контроверзни деловни потфати.
Кариерата ја започнал продавајќи правосмукалки, пеејќи, подоцна основал градежна компанија, а потоа се префрлил на медиумите, кои покрај работните места во финансискиот и спортскиот сектор, го сочинуваат најголемиот дел од неговото богатство. Главната компанија на Берлускони „Медиасет“ работеше на три национални телевизиски канали, кои покриваат половина од националниот ТВ сектор, а тука е и водечката италијанска рекламна агенција „Публитаија“.
Поголемиот дел од политичката кариера на Берлускони беше нарушен со серија правни битки. И самиот често се жалеше дека е жртва на миланското правосудство. Берлускони уште во 2009 година процени дека за 20 години се појавил на суд 2.500 пати – во 106 одделни судења – и дека правните трошоци изнесуваат околу 200 милиони евра.
– Јас сум без сомнение сум најмногу (кривично) гонет човек во целата историја на светот и историјата на човештвото – рече еднаш мислејќи на своите правни проблеми и се пожали дека „потрошил милиони на судии“ – пред да се исправи и појаси дека мислел на „адвокатите“.
Постојано негираше проневера, даночна измама и обид за поткуп на судија. Безброј пати тој беше ослободен на суд, неговите пресуди беа поништени или истечени. Силен удар дојде во 2011 година, кога Уставниот суд го смени законот со кој тој и другите министри ги штитеше имунитет. До крајот на годината тој беше без власт, а во октомври 2012 година доби четири години за даночна измама и забрана за вршење јавна функција.
Сепак остана да тврди дека е невин, зборувајќи за „судски удар“. Со оглед на тоа дека тогаш имаше 75 години, беше осуден на принудна работа – четири часа неделно во католички старечки дом за пациенти со деменција во близина на Милано.
Во 1965 година, Берлускони се оженил со Карла Елвира Дал’Ољо, со која ја добија ќерката Марија – попозната како Марина – и синот Пјеро Силвио. Се разведоа во 1985 година. Тој ја запозна својата втора сопруга, актерката Вероника Ларио, во раните осумдесетти, по нејзиниот топлес настап во една претстава. Подоцна со неа доби три деца, ќерките Барбара и Елеонора и синот Луиџи, а се венчале дури во 1990 година.
Дотогаш Берлускони беше познат претприемач, а неговата венчавка беше значаен општествен настан. Еден од неговите кумови бил Бетино Кракси, поранешен премиер и лидер на Италијанската социјалистичка партија.
Откако беше фотографиран на 18-тиот роденден на манекенката Ноеми Летиција, Вероника поднесе барање за развод во мај 2009 година. Судот во 2012 му наложи на Вероника да и исплати 48 милиони долари, но ја задржа куќата вредна 100 милиони во која живееја со трите деца. Исто така, партијата Форца Италија на Берлускони во март 2020 година објави дека тој раскинал со 34-годишната Франческа Паскале по 12 години врска, истакнувајќи дека двајцата „ќе останат пријатели“.
СКАНДАЛИ И АФЕРИ
Инаку, неговата биографија е полна со скандали, обвинувања за корупција, сексуални афери и контроверзни деловни потфати.
За Берлускони важи и дека бил опседнат со младоста. Премиерот редовно посетувал фризер, козметичар, па дури и солариум. Додека се бореше да се врати на политичката сцена во 2017 година, премиерот покажа ново лице – буквално. Берлускони се појави со портокалов тен и блескави бели заби, затегнато лице. Без разлика дали станува збор за ботокс, шминка или операција, дури по неговото појавување луѓето пишуваа за „најзатегнато лице“ на политичката сцена и за „восочната фигура“.