Во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје отворени се 100 нови работни места. Во јавниот оглас кој е објавен деновиве, ЈСП бара да се пријават 100 лица кои, доколку ги исполнат условите за вработување, би се вработиле на неопределено време како помлади возачи во јавниот градски превоз.
Од кандидатите за возачи се бара да го знаат македонскиот јазик, да се здрави, да не се казнувани, да имаат возачка од Д категорија и да се со или без работно искуство.
– Согласно годишниот план на институцијата за 2018 година предивидени се вработувања за: 67 Македонци, 21 Албанец, 2 Турци, 7 Роми, 1 Влав, 2 други. Изборот на кандидати ќе се врши во рок од 45 дена, доколку се пријават повеќе од 200 кандидати за едно работно место изборот на кандидати се врши во рок од 60 дена, од 201 до 500 кандидати од 90 дена, над 500 кандидати од 120 дена по истекот на рокот за пријавување – стои во јавниот оглас.