Патувањето надвор од границите на Македонија секогаш со себе носи голем трошок, а сега ќе биде уште поголем.
Имено, од 2024 година Велика Британија и Европската унија ќе воведат плаќање за влез на нивна територија. Таканаречениот ЕТИАС во случајот со ЕУ и ЕТА за Велика Британија ќе донесе нови трошоци за туристите.
ЕТИАС ќе чини седум евра по лице и ќе важи три години. Што се однесува до Велика Британија, ЕТА ќе чини десет фунти по лице и ќе важи две години.
Соединетите Американски Држави веќе долго време имаат своја верзија на овој „данок“. Се вика ESTA, а чини 21 долар по лице и важи две години, пишува CNN.
Овој потег особено ги погодува граѓаните на Македонија, имајќи предвид дека Грција и Хрватска, членки на ЕУ, сè уште се најпопуларни дестинации за летување.
Исто така, голем број граѓани на Македонија имаат семејство во земјите членки на ЕУ како Германија, Австрија, Шведска и многу други. Патувањето до нив сега ќе биде уште поскапо.