Дека за секој продукт постои купувач, очигледно е прилично вистинита изјава. Во нејзин прилог е и приказната од Австралија, конкретно од едно тамошно кафуле, каде што луѓето биле спремни да платат речиси 1.000 евра за шолја кафе.
„The Brew Lab Cafe“ во Пенрит, западен Сиднеј, го продава веројатно најскапото кафе на светот. Ок, таму имаат огромен избор на кафиња, ниту едно од нив не било евтино, но сепак, исто така ни приближно со висока цена како оваа шолја кафе – која чинела 1500 австралиски долари, односно 935 евра.
Патот до гореспоменатото кафе не бил воопшто лесен, а за да уживате во него потребни се неколку чекори. Првата е да се нарача кафето 2 недели пред самото консумирање, за да може зрната кафе да се нарачаат од Панама до Австралија. Имено, тие се одгледувале и пржеле на падината на вулканот Сила де Пандо, кој се наоѓал во близина на границата на Панама и Костарика, на 1700 метри надморска височина.
Сопственикот на барот, Мич Џонсон за „Дејли меил“ објаснил зошто баш тоа кафе е толку „посебно“, а го раскажал и процесот на подготовка и послужување. „Повеќето луѓе кажале дека кога го пијат, првиот впечаток е дека повеќе наликува на чај, отколку на кафе. Кафето има оценка над 90 според „Specialty Coffee Association“, што го прави едно од најдобро оценетите во светот. Секое кафе кое ќе добие оценка над 80 од квалификуваните судии се смета за специјалитет“, изјавил Џонсон“.
Тој додал дека кафето се служи како прелив, а не преку машина за еспресо, што значи дека е потребно претходно да се навлажни филтерот за кафе и да се користи вода загреана на точно 94 степени. Водата потоа нежно се прелевала преку кафето во точно определени временски интервали, за да не се расипе вкусот. Дури после овој долг процес кафето се послужувалo на купувачот.
Во секој случај, би било интересно да го пробате ова кафе, но за да можете да си го дозволите треба да сте фудбалска ѕвезда, моќен претприемач или добитник на лотарија, можеби.
Така што, ни останува да веруваме во уникатноста и прекрасниот вкус на ова кафе.