Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот беше организатор на информативно патување за новинари и репортери од горенаведеното дневно шоу во период од 17 до 20 април. Нивниот интерес е да направат репортажа за недопрените убавини на нашата земја која е “budget friendly” за туристите.
– Целта на ова патување е промоција на Република Македонија и главниот град Скопје како дестинации погодни за туристите од Велика Британија, а како предност се земаат новите чартери од Лондон и Манчестер до Охрид и редовната линија со „ВизАир“ од Скопје. ТУИ актив веќе имаат активна кампања за нашата дестинација и промоција на активните форми на туризам и посета на локалните, рурални предели и мали семејни винарници. Британската јавна телевизиска мрежа “ITV” има широк опфат на публика, на нивните социјални мрежи имаат значителен број на следбеници, милион следбеници на Инстаграм, 2,5 милион следбеници на Фејсбук, 2,5 милиони сабскрајбери на Јутјуб – потенцираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Туроператорот ТУИ Велика Британија ќе има по два чартер лета неделно од Манчестер и од Лондон. Преку овој туроператор се очекува во текот на летото да пристигнат од 5 до 7 илјади британски туристи во пакет-аранжмани од 5 до 7 дена, овозможувајќи им целосни авантури во неоткриената дестинација. Освен тоа поради добрата конекција помеѓу Лондон и Охрид, оваа лето се очекува поголем број британски туристи во нашата држава.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press