Saudia Airlines како една од водечките авиокомпании во Блискиот Исток доаѓа да регрутира кабински персонал во Скопје.
На огласот може да се пријават кандидати на возраст од 20 до 35 години, со минимум средно образование и солидно познавање на англиски јазик, а работното искуство не е потребно.
Кандидатите кои ќе го поминат скринингот и финалното интервју кое ќе се одржи во Скопје, ќе добијат компетитивна плата, сместување, здравствено осигурување и можност да патуваат по намалени цени во согасност со политиката на компанијата.
Доколку сте заинтересирани за едно поинакво работно искуство кое ќе ви донесе одлична заработка и можност да посетите голем број атрактивни локации ширум светот, погледнете го целиот оглас и испратете ја вашата кратка биографија не подоцна од 5-ти ноември.