Не е лесно да се работи со другите луѓе, а уште потешко е кога имаме шеф со кој тешко можеме да се разбереме.
Ова се неколку знаци кои покажуваат дека вашиот шеф не ве почитува:
Не го цени вашето време
Ако од вас бара да завршите одредени обврски надвор од вашето време или во период од денот кога тоа вам не ви одговара, тоа значи дека не му е воопшто важно вашето време. Некогаш тоа се невозможни рокови, а друг пак барања кои не покажуваат никаква почит кон вашата работа и ангажман на работното место.
Не ви објаснува ништо
Ако постојано се случуваат нови работи, а вие не добивате никакво објаснување, тоа е уште еден знак дека вашиот шеф не ве почитува. Објаснувањата и насочувањето се особено важни за новите вработени, но ако тоа недостасува тогаш дефинитивно сте оставени на себе, што не е најубаво чувство.
Не ве консултира во вашата област
Одредени шефови сметаат дека нивно е само да носат одлуки, без да ги консултираат оние кои всушност ја извршуваат работата. Тоа е погрешен пристап бидејќи не овозможува да дадете инпут за она во што сте вклучени.
Не го цени вашиот придонес
Уште една карактеристика на шефот кој не ги почитува своите вработени е тоа што таа личност не покажува ништо со што ќе изрази дека го цени вашиот труд. Платата е важна, но секој од нас сака да биде ценет и уважен за придонесот кој го дава во одредени активности. Ако тоа не е случај со вас, тогаш дефинитивно имате шеф кој нема почит за она што го правите.
Ги краде вашите идеи
И ова се случува. Понекогаш ќе споделите идеја, а вашиот шеф ќе ја присвои и ќе ја претстави како своја. Веројатно тие мислат дека работите за нив и дека вашите идеи се и нивни, но ваквото однесување не е коректно.