Успехот на секоја компанија зависи од нејзините односи со клиентите и вработените. Задоволните вработени често обезбедуваат подобро корисничко искуство, што последователно влијае на приходите на компанијата. Според странските истражувања, компаниите кои имаат програма за ангажирање на своите вработени уживаат 233% повеќе лојалност на клиентите од оние кои немаат.
Истражувањето за задоволството на вработените ви овозможува на едноставен и брз начин да го проверите задоволството во вашата организација.
Постапката за мерење се спроведува преку стандардизиран анонимен прашалник (онлајн, печатен или комбиниран) составен од 78 прашања/тврдења (скала за оценување од 1 до 4) кои се поделени во 9 категории со можност за дополнителни прашања по ваша желба.
(Предизвикувачки работни задачи, Поддршка од надредените, Организација на работата, Работни услови, Личен раст и развој, Вклученост во носење одлуки, Посветеност на работа, Меѓучовечки односи, Комуникација во компанијата)
ИЗВЕШТАИ
ОСНОВЕН
Приказ на резултатите на компанијата по сите тврдења со можност за филтрирање според посакуваните критериуми
КОМПАРАТИВЕН
Извештај со историски преглед кој ги прикажува резултатите од сите години од учеството на компанијата
BENCHMARK
Приказ на резултатите на компанијата во однос на сите компании, топ 3, според основна и специфична дејност
Извештаите на Pulser ви даваат увид во:
- ESI - индекс на задоволство на вработените
- eNPS - мерење на лојалноста на вработените
- ангажирање
- 9 категории на задоволство
На сигурен, брз и едноставен начин дознајте го степенот на задоволство и ангажираност на вашите вработени и најважните фактори за мотивација преку истражувањето Pulser.mk