Сите ние, без разлика во каква финансиска ситуација и да се наоѓаме, најмалку се среќни кога се ближи денот на плаќање сметки за домот. Сè уште не сме запознале личност која ужива во оваа обврска, но тоа е неизбежно во секојдневниот живот.
Сепак, апсолутно сме сигурни дека многу би значело и кога би можеле барем да ги намалиме сметките, а посебно онаа за електрична енергија. Потрошувачката на електрична енергија во некои домаќинства е помала, во други поголема, но секогаш може да се намали.
Еден од начините да го постигнете тоа, се однесува на користењето бојлер. Значи, оние домови кои немаат парно, а се греат на струја, користат бојлер, а прашањето кое се наметнува е што е подобро – бојлерот постојано да е вклучен, или, пак, да е вклучен само навечер. Можеби вие не сте сигурни што ќе биде подобро и попаметно за вашиот паричник, но експертите го имаат одговорот.
- Доколку во домаќинството живее самец или само брачен пар, најдобро е да го вклучувате бојлерот по потреба, додека струјата е евтина.
- Ако станува збор за повеќечлено семејство, ќе заштедите повеќе доколку бојлерот е постојано вклучен.
- Исто така, зависи дали водата од бојлерот се користи само за туширање или и за кујната. Затоа, ако целата топла вода во куќата доаѓа од ист уред, најдобро е да го држите постојано вклучен.
- Кога станува збор за подесување, и овде важи правилото дека златната средина е најдобрата опција, па затоа треба да биде на двојка или на температура од 55 степени.
- Моментот кога бојлерот секогаш треба да биде исклучен е кога се бањате.
„Повеќето од нас никогаш не размислувале дали капењето со вклучен бојлер е безбедно, сè додека не настрада некој. За жал, струен удар е возможно да се случи при капење, не е вообичаена, но е реална појава. Ако уште пак, се прашувате, дали е можен струен удар од бојлерот, одговорот е позитивен.
Вестите на секои неколку месеци пишуваат за нови жртви баш од овие ситуации. Редовното сервисирање на бојлерот гарантира дека нема да дојде до струен удар“, било објавено на една страница која нудела водоинсталатерски услуги.