Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб источен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 23 до 28 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од источен правец. Утринската темптература ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 26 степени.
До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со дневни температури над просекот за овој период од годината. В недела од север ќе се спушти постуден воздух, ветерот повремено ќе се засилува и ќе предизвика пад на дневната температура. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд.