Во текот на овие попладневни часови како и навечер ќе има умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец кој на југозапад повремено ќе засилува на интензитет.
Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.
Повеќе услови за ваква појава има во северните предели како и во источната половина на државава.
Сепак и покрај ова продолжува вистинското летно време со температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.