По неколку години свадбените прослави на големо се вратија во рестораните и хотелските хали. Пандемијата тоа не го дозволуваше две години но сега журката која се памти цел живот повторно може да се организира без никаков проблем. Денар подготви една анализа во однос на трошоците кои денеска ги имаат младоженците. Од ресторнаски услуги, невестински фустан и одело за младоженецот, услугите за снимање и фотографирање, шминка и останати козметички услуги, и најважното музиката. На сето ова цените се сериозно зголемени.
Оваа сезона на свадби цената на порциите во скопските ресторани се движи околу 1400 – 1500 денари. Пониско е многу тешко да се најде. Секако има доста угостителски објекти кои нудат и многу повисоки цени но тоа е и во однос на понудата и менито. Секогаш има поексклузивни варијанти, но просекот е околу 25 евра по човек, некоја просечна цена или некој минимум на кој може граѓаните или младенците да очекуваат.
За разлика од 2019 година кога невестинските фустани чинеа од 150 евра па нагоре, во 2023 година цената на невестинските фустани се зголемени за 100 проценти. Цените според Занаетчискта комора влијаат од материјалите кои се користат, дизајнот и од каде е нарачан фустанот, но секако влијае и работната рака. Занаетчиите велат дека сега за 100 евра може да се изнајми како што велат најобичен фустан. Што се однесува до машките одела, тие не се драстично поскапени бидејќи повеќето од нив се увезуваат, додаваат од комората на занаетчии. Цените на оделата започнуваат од 100 евра и секако одат нагоре, секое одело зависно од брендот имаат своја цена.