Зошто мириса на криза, на што се должи падот на објавени огласи од ИТ индустријата – Интервју со Игор Жоња, Генерален директор на најголемиот портал за огласи за работа во Хрватска, МојПосао.
Извршниот директор на МојПосао, најголемиот хрватски портал за огласи за работа, Игор Жоња, гостуваше на RTL direct, каде се осврна на состојбата на пазарот на трудот и побарувачката на работна сила во Хрватска во првата половина од оваа година.
„Голем број луѓе ја напуштија Хрватска. Имаме апсолутен досег до цела Хрватска и немаме веќе од каде да најдеме нови луѓе. Активно огласуваме и бараме кандидати и надвор од Хрватска и имаме водечки сајтови за огласи за работа во регионот, така што ова што ни доаѓаат луѓе од Азија преку агенции е целосно природно, а можеме да видиме дека туризмот најдобро се снајде во овој дел“, рече Игор Жоња.
Тој изјави дека од почетокот на 2023 година до сега се објавени 50.000 огласи за работа на нивниот портал, што е за 8% повеќе од објавените огласи во истиот период минатата година. Но, иако побарувачката за работна сила расте, понудата оди надолу. Главна причина за оваа појава е тоа што голем број жители на Хрватска секојдневно ја напуштаат земјата во потрага по подобра иднина во европските земји.
Глобалните трендови не ја одминаа и Хрватска, па така како последица на кризата и масовните отпуштања во ИТ секторот, забележан е рекорден пад во побарувачката на работната сила од 30% во ИТ секторот, 9,5% во туризмот и 5,2% во градежништвото.
Според Жоња, платите во Хрватска се во пораст, но сепак тој раст е нереален и е резултат на инфлацијата, со која нивната држава добро се справува, благодарение на добрата подготвеност со соодветни ефективни мерки.
Целосното интервју на Игор Жоња можете да го погледнете на линкот.