Утрово повторно гужви на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција. Авто-мото сојузот на Македонија, сооопшти дека задржувањето изнесува околу 30 минути. Пуштени се четири ленти и сите се полни со патнички и товарни возила.
Според она што може да се види од камерите на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.