Туристичката сезона е во полн ек и Грција е најчеста дестинација за многу туристи ова лето. За сите возачи сега има нова вест поврзана со промената на сообраќајните прописи во оваа земја која може да донесе големи трошоци за секој што не внимава.
Наместо казни, Грците воведоа и поригорозни казни – одземање на регистарски таблички и на возачка дозвола на подолг временски период.
– Ако одите во Грција со вашиот автомобил, важно е да знаете – грчката полиција има право да ги одземе регистарските таблички на секое возило што е непрописно паркирано – се истакнува во видеото, објавено на Грчкаинфо.
– И тоа не се однесува само на возилата регистрирани во Грција, туку и на возилата со странски регистарски таблички.
Не е првпат Грците да ги менуваат правилата пред почетокот на летната сезона, а летово сообраќајните казни се најтешки досега, а доказ за тоа се сообраќајните казни кои можат да ве погодат доколку не ги почитувате правилата.
Ова е новиот ценовник за најчестите сообраќајни прекршоци:
- Поминување на знакот Стоп без да застанете – 700 евра
- Поминување на црвено светло – 700 евра
- Лудо возење – 700 евра
- Недозволено претекнување – 80 евра
- Претекнување до 20 км/ч – 20 евра
- Ако имате повеќе од 0,5 отсто алкохол додека возите во Грција, ќе мора да платите казна од 200 евра.
Сепак, она што многумина ги изненади е веста која се однесува на тоа дека поради промената на прописите ќе се укинуваат глобите за одредени прекршоци, но наместо тоа ќе се тргнат регистарските таблички и ќе се одземе возачката дозвола до 60 дена.
Оваа мерка се однесува на следните прекршоци:
- Користење на мобилен телефон за време на возење
- Не носење појас
- Ако немате кацига додека возите мотор
- Превоз на дете во автомобил без детско седиште
Значи, за овие прекршоци годинава нема да платите никаква казна во Грција, но, како што пренесува емисијата „САТ“, доколку ве фати тамошната полиција, ќе ви ја одземе возачката дозвола и регистарските таблички на 60 дена.
Вакви многу ригорозни мерки ќе се применуваат за сите возачи во Грција, без разлика на нивната националност и пасош.