ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопјe за седум дена санкционираа 192 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од претпријатието соопштија дека 89 непрописно паркирани возила биле отстранети со помош на специјалните возила „Пајак“.
- Исто така, 103 возила кои биле затекнати во резидентни зони санкционирани со поставување на механичко средство „Блокатор“, информира ЈП „ПОЦ“.