Потрагата по работа најчесто бара многу трпение и посветеност на настапот кој ќе го имате на интервјуто (ако ве повикаат). Иако многумина со нетрпение го очекуваат повикот од непознат број и љубезен глас од другата страна кој ќе ви каже „Ја разгледавме Вашата апликaција, би сакале да се видиме на интервју“, има и такви кои не се толку возбудени, што дури и не се појавуваат на закажаното интервју. А ги има во се поголем број, за жал. Бележиме загрижувачки тренд на непојавување на кандидатите на интервју, па решивме да ве прашаме: Зошто не би се појавиле на интервју за работа?
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Дали имате втора шанса ако не се појавите на закажаното интервју?
Дали нешто ве спречило или предомислило во последен момент или пак сте аплицирале туку-така и не очекувавте да ве повикаат на разговор? Можеби компанијата е предалеку па си велите: „Да не одам за џабе..“ или она што го барате сте го нашле, но некаде на друго место.. Или едноставно, не ви треба некоја особена причина за да не се појавите на интервју, доволно е да не ви денот и да не отидете?
Го цениме вашето мислење, па затоа ја креиравме и АНКЕТАТА на оваа тема.
Ова се понудените одговори:
Зошто не би се појавиле на интервју за работа?
Се предомислувате во последен момент
Сте аплицирале туку-така и не очекувавте да ве повикаат на разговор
Компанијата е предалеку
Во меѓувреме сте пронашле друга работа
Без причина, не ви бил денот