Пред нас е уште еден неработен ден, а сепак, одреден дел од вработените во приватниот сектор и утрешниот ден (23. Октомври) ќе го поминат на своите работни места.
Во случај работодавачот да наложи утре или за време на друг државен празник да бидете на работа, најпрво е должен тоа да го пријави во Трудовата инспекција.
Законот за работни односи предвидува дека за работа во денови на празници и други неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.
Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат биде утврдено дека ваквата дневница не била исплатена, тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.