Инфлацијата во јули падна на 8,4 отсто, ама во реалниот живот граѓаните тоа не го чуствуваат.
Не едно четиричлено семејство во јули му биле потребни 48.620 денари за покривање на основните животни потреби. Од нив речиси половина, односно 44,6 отсто одат за храна. Од Сојузот на синдикати велат дека веќе ни со две минимални плати, не може да се покрие минималната кошничка.
Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија 20 илјади денари или 44,6 отсто од потрошувачката кошничка се за исхрана и пијалаци, а потоа 13.664 денари, за домување, односно 30,46 отсто од потрошувачката кошничка. Понатаму, 3,247 денари или 7,24 отсто се трошат за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје.
-За да преживее едно семејство потребни му се две просечни плати, бидејќи со една минимална и една просечна не може да се покријат месечните трошоци. Инфлацијата, според пресметките на Народна банка, изнесува 8,4 отсто, но не е реална бидејќи во практиката се чувствува повеќе од 20 отсто. Голем дел од малопродажните цени на основните производи не се намалија и покрај мерките на државата. Практиката покажа дека кога еднаш ќе се зголемат цените, многу тешко се враќаат назад. Поради тоа, ние ќе се бориме што поголем број работници да земаат просечна плата, вели за ВЕЧЕР, Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press