Manpower Чешка повторно во соработка со Вработување.ком, за потребите на фабриката Procter & Gamble која вработува 95 илјади работници ширум светот објавува оглас за координатори во производство кои ќе работат во Република Чешка.
Работната позиција предвидува евиденција на присутност на вработените, брза реакција во случај на неочекувано отсуство, повремена контрола на работната состојба на вработените, координација меѓу вработените и клиентот, контрола на знаењето на вработените, изработување извештаи и придружување на вработените на лекарски прегледи, процесирање на документи и слично.
Потребни квалификации:
- Одлично познавање на чешки и македонски јазик
- Високо образование ќе се смета за предност
- Работно познавање на компјутери
- Одлично развиени комуникациски и менаџерски способности
- Способност за работа под притисок
- Способност за решавање кризни и стресни ситуации
- Важечки македонски пасош
Компанијата нуди:
- Месечна нето плата од 990 евра + 30% бонуси
- Обезбедено сместување во близина на работно место (со вклучени режиски трошоци)
- Обезбеден оброк во кантина (можност за избор од 3 понудени јадења)
- Доплата за работа на празник
- Платен одмор од 25 дена
Заинтересирани сте?