Виното е во нашите чаши, мисли и поеми илјадници години. Но, дали знаете кои земји имаат најголемо производство на вино?
За правење на овој инфографик биле користени податоци од Меѓународната организација за лози и вино, а тој покажува дека најголем производител на вино во светот е Италија, каде што лани биле произведени речиси 50 милиони хектолитри (или околи 1.994 олимписки базени) вино, што е речиси една петтина од вкупното производство на вино во светот за 2022 година. Помалку од половина од тоа вино било испратено на странски пазари, што ја прави Италија и најголем извозник.
Кога станува збор за регионот, најголем производител на вино е Грција, која се наоѓа на 19. место со 2,2 милиони хектолитри произведено вино, или 0,36 отсто од светското производство.
Потоа следува Македонија, која се најде на 22. место со 936 илјади хектолитри произведено вино, или 0,36 отсто од светското производство. Бугарија е на 26. место со 747 илјади хектолитри, Турција е на 29. место со 622, Хрватска на 31. место со 561 илјади хектолитри, Словенија е веднаш зад неа со 546, Албанија е на 41. место со 228 илјади хектолитри.
Бугарија е на 26. место со 747 илјади хектолитри, Турција е на 29. место со 622, Хрватска на 31. место со 561 илјади хектолитри, Словенија е веднаш зад неа со 546, Албанија е на 41. место со 228 илјади хектолитри.
Целиот текст прочитајте го на fakulteti.mk