Регрутерите кои вработуваат кандидати за работа се зафатени луѓе. Познато е дека тие трошат многу малку време на секое CV кое го прегледуваат за да одлучат дали кандидатот ќе влезе во потесниот круг како кандидат за работа.
„Мојот совет е да го оптимизирате CV-то за гледање на 10 секунди“, изјавил Нолан Черч којшто работел на активизација на таленти во компаниите како што се „Google“ и „DoorDash“ и којшто моментално е извршен директор на пазарот за таленти „Continuum“.
Три зелени знаменца кои за Черч сигнализираат дека сте добар кандидат за работа:
Работно искуство
Минатите работни искуства доаѓаат предвид кога регрутерите ќе одлучат дали би можеле да се вклопите во работата или не.
Доколку се пријавувате на разговор за работа во фирма за маркетинг и сте работеле во други такви фирми, напишете го тоа во CV-то. Доколку сте работеле во светски позната компанија од која луѓето околу вас се постојано импресионирани, тогаш наведете ја.
Квалификувани примери од вашите достигнувања
Уште еден клучен елемент за импресионирање на човекот којшто вработува е да ги вклучите бројките кои даваат јасно чувство за вашите достигнувања на работа.
„Доколку сте продавач, сакам да видам колкав е процентот од вашата продажба во секој квартал. Може да наведете конкретни примери, односно доколку работите во областа на маркетинг, напишете како сте помогнале да се зголеми бројот на следбеници во компанијата на социjaлните мрежи... Доколку управувате со тимот на дизајн, може да го наведете бројот на проекти кои успешно сте ги воделе.
Интерес
Конечно, Черч сака да види интерес кај луѓето.
„Сакам поранешни спортисти. Сакам луѓе кои се занимаваат со триатлон. Сакам родители. Сакам луѓе кои имаат страст во животот за било што“, открил тој.